Легнедарниот Џек Николсон боледува од деменција: Тажно е што тој заминува на тој начин

Легнедарниот Џек Николсон боледува од деменција: Тажно е што тој заминува на тој начин

пред 3 години

Холивудскиот глумец Џек Николсон (84) боледува од деменција, тврдат американските медиуми. Актерот повеќе од една година не е виден во јавноста, а причината за тоа е болеста, пишуваат медиумите, повикувајќи се на близок пријател на Николсон.

„Тој ги поминува последните денови во вилата во Беверли Хилс. Џек и јас сме пријатели со години и тој воопшто не ја напушта својата куќа. Синот и ќерката се грижат за него. Физички е добро, но не и психички. Навистина е тажно да се види актер како да Џек си заминува на овој начин“, рекол пријателот на актерот за „Ридер онлајн“.

Легендарниот глумец, кој освои и три оскари во кариерата, има пет деца, но друштвото обично му прават неговата ќерка Лорејн и синот Реј, открил пријателот.

Николсон ја одигра својата последна улога во 2010 година, во филмот „Како што знаете“, а потоа се повлече од глумата.

Share
Scroll to Top