Леди Ди ја победи Елизабета Втора: Четири златни глобуси за „Круна“

Леди Ди ја победи Елизабета Втора: Четири златни глобуси за „Круна“

пред 3 години

Хит серијата  „Круна“, е меѓу големите победници на доделување на Златните глобуси. Серијата за британското кралско семејство  доби четири награди, меѓу кои и за најдобра драмска серија. , од Досега се снимени четири сезони, а најавени се уште две,

Џилијан Андерсон како премиерката Маргарет Тачер освои глобус за најдобрата споредна улога, Ема Корин (25)  како принцезата Дијана е најдобра актерка, а Џош О’Конор како принцот Чарлс е најдобар актер.

Последната сезона го опфаќа периодот од крајот на 1970-ите, преку свадбата на Чарлс и Дијана до проблемите во нивниот брак и најавата за развод.

Корин , која пред „Круна“ беше непозната за јавноста, во својата категорија ја победи оскаровката Оливија Колман, која ја игра кралицата Елизабета Втора.

„Дијана, ти благодарам многу. Ти ме научи на разбирање и емпатија повеќе одошто можев да замислам“, рече Корин кога ја прими наградата.

Share
Scroll to Top