Лекарка починала од корона, откако два месеци во болницата носела иста маска

Лекарка починала од корона, откако два месеци во болницата носела иста маска

пред 4 години

Лекарката Аделин Фејган (28) починала од коронавирусот, откако повеќе од два месеци во болницата каде работела, ја носела истата маска, вели нејзината сестра Морин.

Таа вели дека Аделин работела во итната служба во Хјустон и дека нејзината сестра поради недосиг на опрема, со недели ја користела истата маска.

Според извештајот на „Гардијан“, по избивањето на жариштето на југот и западот во САД, починаа повеќе од 250 медицински работници. Во Тексас се регистрирани девет смртни случаи меѓу медицинарите во април, а бројот на здравјствени работници се искачил на 33 во јули.

Меѓу починатите здравствени работници, десетина од нив ширум САД, биле помлади од 30 години. Просечната старост на смрт кај медицинскиот персонал, поради Ковид 19, е 57 години, за разлика од 78, кај општата популација на земјата.

Отприлика една третина од смртните случаи настанале поради неадекватна заштита. Недостигот на заштитна опрема е погубна за здравствените работници, затоа што за нив, веројатноста да се заразат е трипати поголема во споредба со општата популација.

Не е точно познато како Фејган се заразила со коронавирус, но нејзината помлада сестра верува дека е поврзано со работата во итната служба. HCA West, е дел од најголемиот ланец на болници во земјата, а во последните месеци, националниот синдикат на медицински сестри се пожалиле за намерно кршење на безбедносните протоколи на работното место, вклучувајќи го и притисокот кој се правел врз заразениот персонал, да продолжи со смените во болницата.

Морин изјавила дека нејзината сестра со недели носела иста маска.

„Аделин носеше маска N95, на која беше напишано нејзиното име. Ја носеше со недели, ако не и месеци“, изјавила таа.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести CDC, препорачува маската N95 најмногу да се носи пет пати, освен ако производителот на наведе поинаку. Болницата HCA West, не сакала официјално да ги коментира обвинувањата на Морин, но шефицата на смена, лекарката Емили Седвик, изјавила дка болницата ги почитува сите препораки.

„Нашиот протокол е заснован на насоките на CDC, вклучително и на предавањето на маски N95, на крајот на секоја смена, а лекарите тогаш примаат друга маска на почетокот на следната смена“, изјавила Седвик.

Фејген на 8. јули стигнала дома со болки во телото, главоболка и температура. Тестирањето покажало дека таа е позитивна на Ковид 19. Боледувала од астма, па по заразата имала и потешкотии со дишењето. Едно попладне Морин забележала дека нејзините усни се сини. Таа инсистирала да ја однесе во болница.

Во период од две недели Фејган во болницата добивала дополнителен кислород. Станала толку слаба што не можела да го држи телефонот. Била префрлена во друга болница, каде ја ставиле на респиратор. Ден подоцна била приклучена на уред ECMO, со кој од телото се отстранува крвта, се збогатува со кислород и потоа повторно се враќа во телото.

Нејзините родители на 15. септември добиле дозвола да ја посетат.

„Мислам дека не бевме подготвени за тоа што го видовме кога влеговме во нејзината соба. Аделин повремено се обидуваше да ни одговори на прашањата и да одмавне со главата. Изусти збор, два. Но, нејзиниот поглед беше стаклен и не бевме сигурни дали е пристуна со нас“, изјавиле тие.

На 17. септември, нејзината состојба се подобрила, а Феган можела да седи без никаква поддршка. Ден подоцна била симната од уредот ECMO.

На 19. септември добила крварење во мозокот, па починала. Семејството вели дека погребот ќе се случи во сабота.

Share
Scroll to Top