Леонардо Ди Каприо ја откачи девојката оти наполни 25 години

Леонардо Ди Каприо ја откачи девојката оти наполни 25 години

пред 3 години

Холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо (46) веќе не е во врска со манекенката Камила Мороне, пишуваат американските медиуми. Причината, наводно. е што таа наполнила 25 години, а Леонардо во јавноста е познат по тоа што скоро никогаш немал девојка постара од 25. Ди Каприо одамна излегува само со манекенки, но никогаш не се оженил со ниедна од нив, пишуваат медиумите.

Ди Каприо ја запозна Камила преку актерот Ал Пачино, кој во тоа време беше врска со нејзината мајка, Лусила Сола. Тие беа заедно од 2017 година, а извор близок до парот вели дека раскинале поради неговата работа и бројните обврски.

За потсетување, Леонардо го почна таканаречениот „клуб 25“ со бразилската манекенка Жизел Бундхен. Тие, со прекини, беа заедно од 1999 до 2005 година. Тој се појави со Жизел и на Оскарите во 2005 и тоа беше нивно прво и последно официјално појавување во јавноста.

По ова, Леонардо во врска со израелската манекенка Бар Рафаели. Тие беа заедно во официјална посета на тогашниот израелски премиер Шимон Перес во 2007 година, а по бројните прекини, во 2009 година раскинаа и официјално.

Во 2011 година, Ди Каприо имаше кратка врска со глумицата, Блејк Лајви. Папараците ги снимија на неговата јахта во Кан, а врската траеше 5 месеци.

Со Тони Гарн, германски модел, актерот беше во врска од мај 2013 до декември 2014 година.

Медиумите пишуваа и дека кратко бил во врска со Ријана, но тие никогаш не го потврдија тоа.

 

Share
Scroll to Top