Летен коктел, ледено мохито со лубеница

Летен коктел, ледено мохито со лубеница

пред 2 години

Исчистена лубеница, листови нане, лимета, малку рум и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да направите совршено мохито. Цитрусот, аромата на нането, шеќерот и киселата вода прават одличен баланс на јачината и остриот мирис на румот. Оваа комбинација освежува, а во исто време го крева расположението. Можете да направите и безалкохолно мохито со лубеница.

dobivaj vesti na viber

Ова мохито е совршено за летни забави, скари, родендени и моминска вечер или едноставни вечери на тераса.

Состојки:
– филџан исчистена лубеница
– 20 листови нане
– сок од лимета
– 30 мл шеќерен сируп
– 90 мл рум
– минерална вода
– коцки мраз

Подготовка:
Во блендер додадете сечкана лубеница, нане и сок од лимета, сè убаво изблендирајте и соединете. Додадете рум, шеќерен сируп и мраз, затворете и добро протресете. Сипете во чаши, налејте кисела вода и послужете веднаш.

Share
Scroll to Top