Лејди Гага блесна на промоцијата во Лос Анџелес

Лејди Гага блесна на промоцијата во Лос Анџелес

пред 3 години

Холивудската ѕвезда Лејди Гага отсекогаш знаела да го привлече вниманието со нејзината појава на црвениот тепих. Таа неодамна се појави на премиерата во Лос Анџелес за нејзиниот најнов филм „Куќата на Гучи“ во блескав плисиран златен фустан до подот, без ракави, креација на модната куќа „Валентино“.

Нејзиниот изглед беше надополет со блескав дијамантски накит, чокер и обетки. Додека шминката ѝ беше адекватно драматична, составена од смели зачадени очи, густ и темен ајлајнер и впечатливи веѓи.

Долгоочекуваниот филм „Куќата Гучи“ (анг. House of Gucci), е направен според вистинска приказна, која го следи убиството на италијанскиот моден магнат и прв човек на брендот „Гучи“, нарачано од неговата поранешна сопруга, која потоа го доби прекарот црната вдовица.

Покрај Гага која ја толкува улогата на Патриша Реџани, глуми и Адам Драјвер во улогата на Маурицио Гучи. Во останатите улоги се јавуваат и Џерад Лето, Ал Пачино, Селма Хајек и многу други.

Филмот ќе почне да се прикажува во кината на 26 ноември.

 

Share
Scroll to Top