Лијам Нисон: Никогаш не се помирив со смртта на мојата сопруга

Лијам Нисон: Никогаш не се помирив со смртта на мојата сопруга

пред 3 години

Глумецот Лијам Нисон во интервју за магазинот „Стори“, проговори за еден од најтешките моменти од својот живот, моментот кога ја изгубил неговата сопруга Наташа Ричардсон. Нисон вели дека никогаш не успеал да се помири со тоа што ја изгубил најголемата љубов во својот живот.

„Никогаш не се помирив со нејзиата смрт и нема никогаш да се помирам. Сè уште кога ќе слушнам како се отвора некоја врата, убеден сум дека ќе влезе таа и ќе ми каже нешто. Тагата е чудна. Може да го уништи човек за секунда. Не можете да се подготвите за неа. Мислите дека ќе се исплачете и дека сè ќе заврши. Тоа го планирате, но тоа не функционира на таков начин. Јас сум чувствителен кога станува збор за таа тема. Ќе ме фати тага среде ноќ. Ќе излезам надвор, ќе прошетам и ќе се чувствувам прилично задоволно, а потоа оддеднаш нешто ќе ме погоди. Како нешто да ве стиснало силно во градите“, објаснува Нисон.

Глумецот исто така вели дека е горд што успеал да ги донира нејзините органи. Вели дека тоа е нешто што таа го сакала.

„Таа сега ги одржува другите луѓе во живот и тоа е убава. Дониравме три органи. Срцето, бубрегот и црниот дроб. Тоа е одлично. Сигурен сум дека таа би била воодушевена од таквото нешто.

Наташа почина пред 11 години. Таа доживеа несреќа за време на еден зимски одмор, додека скијала.

 

Share
Scroll to Top