Лорин вторпат победи на Евросонг, Шведска ќе биде домаќин по седми пат

Лорин вторпат победи на Евросонг, Шведска ќе биде домаќин по седми пат

пред 1 година

Претставничката на Шведска, Лорин, победи на овогодинешното издание на „Евровизија“, со „Тетоважа“ (Tatoo). Пејачката на својата земја и донесе најмногу поени од гласањето на националните жирија (340), а потоа и поддршка од гласањето на публиката (243). Таа беше и фаворит за победа, според прогнозите на следачите на евровизиските фанови.

„Ви благодарам на сите, ова е за вас“, рече Лорин.

Ова е втора победа на Лорин, седма на Шведска. Таа ја освои публиката и во 2012 година со песната „Еуфорија“, која потоа беше една од најслушаните евровизиски песни.

Финска заврши на второто место.

Евровизија оваа година се одржува во Ливерпул. Минатата година победи Украина, но местото на одржување се промени поради војната која се води на нивната територија.

Share
Scroll to Top