Поранешната членка на британската група „Спајс грлс“, Мелани Браун (46) веќе петта недела се бори со опасниот коронавирус и им порача на сите дека оваа болест е многу сериозна.
„Во главата сум на Малдивите. Какво прекрасно место, кристално чисто море и моето размазено однесување во вилата наречена по мене. Но, во реалноста сум во кревет и се обидувам да го победам вирусот“, напиша пејачката.
View this post on Instagram
Во продолжение таа напиша дека болеста не е шега, и дека во ова тешко време ужива со филмовите на „Нетфликс“.
„Жал ни е што си болна. Ти посакуваме брзо опоравување“, и порачаа фановите.
За потсетување, Мелани има три ќерки, кои ги доби во браковите со Џими Гулзар, Еди Марфи и Стефан Белафонте.






