Поп пејачката Мадона се плаши од коронавирусот и ги превземала сите неопходни мерки за да се заштити себе си и нејзиното семејство.
Близок извор до неа открива дека таа ангажирала цел персонал кои спие во нејзината куќа и тоа само за дезинфекција на куќата.
Покрај персоналот, таа им забранила на децата да излегуваат надвор, освен ако тоа е неопходно.
„Таа на почетокот беше во таква паника и се плашеше да не се зарази. Се плашеше од короната и водеше сметка како и сите други луѓе, но во последните неколку месеци таа е во голема паника“, изјавил изворот за американските медиуми.