Маж со потекло од Косово бил уапсен во Будва откако полицијата кај него нашла 20.000 евра. Оттаму велат дека против него е подигната прекршочна постапка.
„За време на претресот кај него биле пронајдени и одземени пари со потврда, 18.980 евра, 112.710 динари, 7 американски долари и 5 сар (валута од Саудиска Арабија), како и сметки и парчиња хартија со напишани броеви, кои му биле во зашиените џебови од јакната,“ се вели во соопштението.