Ученикот Благојче Павлески од Прилеп е добитник на првиот златен медал на Балканската олимпијада по информатика во историјата на Македонија. Тој е четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Додека ученикот Марко Танески, кој е исто така од Прилеп освои сребрен медал, а Андреј Шеќеров од Скопје освои олимписка пофалба.
Македонскиот тим составен од ученциите Благојче Павлески, Марко Таневски, Андреј Шекеров и Тео Китановски, беа предводени од лидерите д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) освоија еден златен и еден сребрен медал, како и олимписка пофалба на Балканската олимпијада по информатика. Резултатот кој го постигнаа македонските натпреварувачи оваа година е највисок во речиси 30 годишната традиција на ова натпреварување.
Овој престижен натпревар траеше од 24-ти до 29-ти ноември во Шумен, Бугарија. Но поради ковид пандемијата, настанот се одржа онлајн, каде што учествуваа вкупно 37 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Словенија.
Покрај турнирот за средношколци натпреварот имаше и дел за јуниори. На натпреварот за јуниори, Сара Стефановска, ученичка од Крива Паланка освои бронзен медал во конкуренција на 168 натпреварувачи од петнаесетина земји. Таа учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје.
Нашите претставници на Балканската олимпијада по информатика, групирани во повеќе тимови, беа во состав:




Нашиот тим традиционално се избира во целогодишен циклус натпревари кој го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава поддржан од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Нетцетера и Семос Едукација.
„Резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на Македонија на интернационалните информатички олимпијади во последниве десетина години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици. Според мене, успехот се должи на напорите на Здружението редовно да работи со талентираните ученици, како и воведувањето на информатиката и темите од програмирање во основното и средното образование во првата половина на претходната деценија“, вели д-р Миле Јованов претседател на Здружението на информатичари на Македонија.
Следната, 29-та по ред, Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2022), треба се одржи во Љубљана, Словенија идната година.





