Репрезентацијата на Македонија за првпат успеа да се пласира на едно eвропското првенство. Со победата на Грузија од 1:0, вечерва на „Динамо арена“ во Тбилиси селекторот Игор Ангеловски и неговите фудбалери изборија пласман на Европското првенство 2021 година.
Херојот за Македонија беше Горан Пандев, кој по мајсторската акција на Елмас и Нестеровски, успеа да го постигне најзначајниот погодок во неговата кариера.
Европското првенство ќе се игра од 12 јуни до 12 јули следната година, а домаќини ќе бидат 12 градови во исто толку држави. Македонија ќе биде дел од Ц-групата и ќе дебитира на 13 јуни против Австрија, на мечот што ќе се игра во Букурешт.
Il gol di Pandev che porta in vantaggio la Macedonia nello spareggio per #EURO2020 contro la Georgia pic.twitter.com/04t1vf3MmM
— Benny Giardina (@bennygiardina) November 12, 2020