Македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова победи на полумаратон во Грција поставувајќи нов рекорд. Најдобрата македонска атлетичарка викендов имаше одличен настап на полумаратонска трка која се одржа во соседна Грција.
Поп Арсова го освои првото место во женска конкуренција на полумаратонот во Трикала, каде што освен што ја победи конкуренцијата, успеа да постави и нов рекорд на патеката со време од 1:13:39 час.