Македонците се најнесреќни во регионот според новиот Светски извештај за среќа

Македонците се најнесреќни во регионот според новиот Светски извештај за среќа

пред 2 години

Финска шеста година по ред е прогласена за земја со најсреќно население. Ова го покажува Светскиот извештај за среќа, во кој меѓу останатото се наведени и ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот и како тие влијаат врз благосостојбата на луѓето.

Извештајот секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот „Галуп“. Според извештајот, по Финците, најсреќни на планетава се Данците, па граѓаните на Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Македонија на оваа листа се наоѓа на 87 место, пред Венецуела, а по Конго. Од другите земји во поблиското опкружување, Хрватска е на 48 место, Словенија е на 22-то, Србија на 45, Унгарија на 51, Црна Гора на 67 Босна на 71, додека Косово е на 34 место на оваа листа.

Грција е на 58 место под Јужна Кореја. Русија е за едно место подобра од Босна и се наоѓа на 70 место. Албанија е на 83 место пред Индонезија и Јужна Африка. На дното на оваа листа се главно африканските земји, а жителите во Авганистан и Либан по војните се најнесреќните луѓе на планетава.

На оваа листа земени се во предвид 137 земји. Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето остана извонредно отпорна и покрај пандемијата со ковидот и со глобалните просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

Share
Scroll to Top