Макрон и бакна рака на Бети

Макрон и бакна рака на Бети

пред 1 година

Францускиот претседател Емануел Макрон и ја бакна раката на првата дама Елизабета Ѓоргиевска пред церемонијата на крунисувањето. Всушност, претседателот Пендаровски и сопругата имаа неформална кратка средба со претседателот Макрон, во салонот каде што чекаа пред да влезат на церемонијата.

Освен со францускиот претседател,  неформални разговори имаа и со други шефови на држави и нивните сопруги и партнери.

 

Претседателот Пендаровски и првата дама Елизабета, присуствуваа на историската церемонија на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети.  Елизабета Ѓоргиевска промени два стајлинзи за приемот во Бекингамската палата во Лондон и за денот на крунисувањето на кралот Чарлс Трети. 

На приемот беше облечена во миди класичен темно црвен фустан во бордо боја. Додека на церемонијата на крунисување која се одржа во Вестминстерската опатија таа беше облечена во миди фустан со наметка во темно црвена, бургунди боја, комбинирани со чанта и чевли во соодветен тон.

Десетици светски лидери и шефови на држави беа поканети на историската церемонија,  милиони  ја гледаа онлајн на Јутјуб каналот на Кралското семејство, а беше пренесувана и на  телевизија.

А. Георгиев 

 

Share
Scroll to Top