Манчевски го снима седмиот филм: Актерски ѕвезди и млади глумци во „Кајмак“

Манчевски го снима седмиот филм: Актерски ѕвезди и млади глумци во „Кајмак“

пред 3 години

Милчо Манчевски го почнува снимањето на седмиот филм „Кајмак“. Во оваа црна комедија за две семејства, која ги критикува лицемерието и малограѓанштината, ќе глумат неколку македонски актерски ѕвезди, а, како и во останатите филмови на Милчо, ќе има и нови имиња.

Манчевски е сценарист и режисер, а филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Македонската Радио Телевизија е копродуцент. Филмот ќе се снима исклучиво на локации низ Скопје.

„’Кајмак’ е безобразна комедија за две семејства, кои се пристојни на почеток, а среќни на крај. Се радувам како летен ден, затоа што после сета напорна работа сега почнуваме да правиме убава уметност, ама уште повеќе затоа што работиме со талентирани професионалци, кои се и добри луѓе. Животот е прекраток за да работиш со лоши луѓе“, рече Манчевски на прес конференцијата, каде што ги претстави и актерите што ќе глумат во филмот: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Сашка Димитровска, Дејан Лилиќ, Ѓорѓи Јолевски и други.

Претходно, во интрервју за Репортер, познатиот режисер раскажа дека секојпат кога бира главни актери за своите филмови, тргнува без очекувања, а ако му се допадне енергијата на некој глумец, спремен е да го смени и сценатриото и да ја преработи улогата, како што го направи тоа со филмот „Бикини мун“.

 

Share
Scroll to Top