Легендарниот аргентински фудблер Диего Армандо Марадона, кој годинава изненадувачки почина, имал два заклучени сефа во Дубаи. Никој не знае како да ги отвори, ниту, пак, што криел во нив.
Сефовите се наоѓаат во негвиот дом на Емиратите, место кое го сметале за негово тајно засолниште. По направената претрагата, истражителите ги нашле двата сефа кои биле заклучени.
Негов близок пријател шпекулира дека Марадона во нив чувал часовници, долари и слични ситни работи, но вели дека никој не може да каже со прецизност што точно има во нив. Тој вели дека фудбалерот ги немал отворено сефовите повеќе од две години.
„Никој не знае што Марадона чуваше во сефовите. Знаеше да чува долари, часовници и слични работи, но додека не се отворат сефовите, никој со сигурност не може да каже што има во нив“, изјавил изворот, а пренесува шпански „АС“.
За потсетување, имотот на Марадона е проценет на 75 милиони долари, а сега дел од истиот сакаат да го поделат неговите 11 деца. Марадона остави пет признати деца и шест за кои се сомнева дека се негови, но никогаш не ги признал.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Место дресот дај ми ја сестра ти: По 17 години Матераци призна дека го провоцирал Зидан во финалето на Светско
Лага e дека сум во врска со Илон Маск, се огласи сопругата на коосновачот на Гугл за аферата со милијардерот
По четирите операции од тумор на главата, Александра Шијакоска за Велигден си дојде дома
Хороскоп за 19 август: Девицата да најде хоби, водолијата е фокусирана на пари
Војин Ќетковиќ првпат проговори за ќерките: Славата е немилосрдна, ме плаши дека тоа ќе остави трага врз моите деца
Српската премиерка Ана Брнабиќ ќе живее во вилата на Јованка Броз
