Марадона имал два сефа во Дубаи кои никој не може да ги отвори

Марадона имал два сефа во Дубаи кои никој не може да ги отвори

пред 3 години

Легендарниот аргентински фудблер Диего Армандо Марадона, кој годинава изненадувачки почина, имал два заклучени сефа во Дубаи. Никој не знае како да ги отвори, ниту, пак, што  криел во нив.

Сефовите се наоѓаат во негвиот дом на Емиратите, место кое го сметале за негово тајно засолниште. По направената претрагата, истражителите ги нашле двата сефа кои биле заклучени.

Негов близок пријател шпекулира дека Марадона во нив чувал часовници, долари и слични ситни работи, но вели дека никој не може да каже со прецизност што точно има во нив. Тој вели дека фудбалерот ги немал отворено сефовите повеќе од две години.

„Никој не знае што Марадона чуваше во сефовите. Знаеше да чува долари, часовници и слични работи, но додека не се отворат сефовите, никој со сигурност не може да каже што има во нив“, изјавил изворот, а пренесува шпански „АС“.

За потсетување, имотот на Марадона е проценет на 75 милиони долари, а сега дел од истиот сакаат да го поделат неговите 11 деца. Марадона остави пет признати деца и шест за кои се сомнева дека се негови, но никогаш не ги признал.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top