Марихуаната можеби веќе нема да се смета за допинг во спортот

Марихуаната можеби веќе нема да се смета за допинг во спортот

пред 3 години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) размислува да ја отстрани марихуаната од листата забранети супстанци во спортот и таа да не се смета како допинг во иднина. Ова доаѓа откако спринтерката Шакари Ричардсон не настапи на Олимпијадата во Токио, бидејќи во јуни имаше позитивен тест за канабис. Анализата на ВАДА ќе почне догодина, а дотогаш канабисот ќе остане на листа забранети супстанци.

Американските спортски власти признаа дека марихуаната не ја користеле за подобрување на перформансите, но немале избор и морале да ги следат правилата. Позитивен тест за канабис моментално може да донесе и четиригодишна суспензија.

За потсетување, Ричардсон (21) важеше за една од фаворитките на трката на 100 метри, но потоа беше суспендирана. Таа изјави дека пушела марихуана за да се справи со смртта на мајка ѝ.

И претседателот на Светската атлетска федерација, Себастијан Коу, претходно ги поддржа повиците за промена на статусот на марихуаната.

Share
Scroll to Top