Марк Цукерберг објави слика од бремената Присила и откри дека пак ќе стане татко

Марк Цукерберг објави слика од бремената Присила и откри дека пак ќе стане татко

пред 2 години

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг откри дека неговата сопруга Присила Чен е бремена со нивното трето дете. Тој објави слика на Инстаграм направена пред новогодишната забава.

„Среќна Нова година! За сите авантури и љубов кои доаѓаат во 2023 година“, напиша Марк.

Закерберг и Чен веќе имаат две ќерки, Оугуст и Максима, кои двојката ретко ги покажува во јавноста.

Љубовната приказна на Марк и Присила почна во 2003 година, откако се сретнале во ред за тоалет на студентска забава на Харвард. Во тоа време Марк беше студент на втора година, а Присила бруцош. Се венчаа 2012 година.

Share
Scroll to Top