Мартинката е симбол на месец март: традиционален обичајот за здравје и среќа

Мартинката е симбол на месец март: традиционален обичајот за здравје и среќа

пред 3 години

Според нашите народни верувања, на 1. март, за среќа, се прави и подарува Мартинка, вид на нараквица од засукани конци.

Мартинката претставува засукани бел и црвен конец, најчестo волнени, а самите бои имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа и никогаш не се менуваат.

Традицијата е на првиот ден од март, најстарата жена во семејството, да врзува на рацете на децата, засукан бел и црвен конец, за здравје и против уроци.

Мартинките се носат се до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде бериќетна.

Во Тиквешијата, носењето на мартинките е најдоцна до 22 март, и се верува дека на тој што ја носи ќе му донесе среќа во животот. Во други делови, на нашата земја, мартинките се закачуваат на најблиското расцветано дрво.

Share
Scroll to Top