Маска за лице од куркума: Го забавува стареењето и ги намалува дамките од кожата

Маска за лице од куркума: Го забавува стареењето и ги намалува дамките од кожата

пред 3 години

Куркумата е зачин од Индија, кој освен што е популарен во кујната, се користи и како состојка за нега и чистење на кожата.

Маската за лице куркума е идеална за секој тип на кожа. Најефикасна е во отстранување на дамките и лузните од акни и митесери. Помага да се спречи ширењето на инфекции на кожата. Го забавува стареењето, ја стимулира циркулацијата, помага во одржувањето на здравиот тен и го намалува црвенилото.

За да ја направите, потребно е:

половина лажичка куркума во прав
половина лажичка јаболков оцет
лажица мед
половина лажичка јогурт или кефир (може да ставите млеко ако немате јогурт)
половина лажичка сок од лимон (куркумата овде се користи за дамки на лицето)

Измешајте ги состојките и нанесете ги на лицето, избегнувајќи ги очите. Оставете ја маската да делува околу половина час и потоа исплакнете го лицето со млака вода. Оваа маска можете да ја користите 2-3 три пати неделно.

Share
Scroll to Top