Маслинка стара 2.500 години изгоре во пожарите на грчкиот остров Евија

Маслинка стара 2.500 години изгоре во пожарите на грчкиот остров Евија

пред 3 години

Меѓу дрвјата кои изгореа деновиве на големиот грчки остров Евија е и древно маслиново масло старо 2.500 години, пишуваат грчките медиуми.

Фотографиите од изгорената маслинка ги објави локалниот жител Апостолис Панајоту на социјалната мрежа Твитер. Тој направи споредба од дрвото некогаш и сега. На нив се гледа дека останале само делови од стеблото.

„Во Ровија на Евија, изгоре маслинка стара 2.500 години. Пред и по катастрофата“, напиша тој во објавата.

Дрвото, кое сè уште беше плодно и раѓаше маслинки, беше толку големо што на неговото стебло можеле да се соберат десет луѓе. Беше обележје на селото Ровија во северниот дел на островот и дури било спомнато во пишувањата на познатиот грчки географ, филозоф и историчар Страбо, кој живеел пред 2.000 години.

Share
Scroll to Top