Матурант го примиле на 27 факултети и добил стипендии од 4 милиони долари

Матурант го примиле на 27 факултети и добил стипендии од 4 милиони долари

пред 2 години

Матурантот Џонатан Вокер од Панама Сити во Флорида, бил примен на 27 факултети и универзитети, меѓу кои и Харвард, Стенфорд и МИТ. Добил и 4 милиони долари стипендии.

Вокер рече дека било изненадување за него тоа што толкав број на големи Универзитети биле заинтересирани за него и што му понудиле прием кај нив. Дополни и дека во секој од нив нашол нешто што го интересирало и дека се одличил само за оние за кои мислел дека ќе биде среќен.

„Беше изненадување за мене тоа што толкав број универзитети беа заинтересирани за мене. Сите сакаа да студирам кај нив и ми нудеа прием. Тоа за мене беше голема возбуда“, рече Вокер за „Еј-би-си-њуз“.

Вокер е инаку матурант од Панама Сити и живее на Флорида. Тој објасни дека можел да се види во секои од факултетите кои му понудиле и стипендии.

„Направив попис и почнав да аплицирам“, рече тој и објасни дека можел да избира меѓу 27 факултети и дека сè уште не е сигурен на кој од нив ќе одлучи да студира.

„Малку го скратив списокот и се надевам дека ќе ја донесам вистинската одлука во наредните неколку недели. Најмногу ме интересира инженерството и претприемништвото. Моите родители ми донесоа сет хемија, со кој потоа го засакав инженерството. Ме интересираа правењето на апарати со кои би можел да им помогнам на загрозените заедници и на луѓе кои се соочуваат со големи и тешки проблеми. Тогаш савтив дека сакам да го користам инженерството за да им помогнам на луѓето“, рече Вокер.

 

Тој објасни дека во моментов со неговиот другар и партнер работеле на апаратот за зглоб, со кој слепите и глувите лица ќе можат подобро да комуницираат со луѓето.

 

Share
Scroll to Top