Совршени слатки, без скапи состојки.
Мафините во последниве години се најпопуларен десерт од две причини: се прават за само 15 минути, секогаш се сочни и вкусни. Веројатно досега сте ги пробале оние со чоколадо и ванила, но не ни оние со кокос.
Мафините кои имаат вкус на неодоливиот Рафаело? Звучи како сон.
Во продолжение откријте го рецептот за нивното правење.
Состојки:
120 гр путер
120 гр шеќер
Кесичка ванилин шеќер
2 јајца
1 дл млеко
½ дл масло
100 гр кокос
150 гр брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка шлаг + млеко по упатство.
Подготовка:
Заматете го путерот со шеќерот и ванилниот шеќер, додадете јајца и матете додека масата не стане компактна, па сипете млеко и масло. Мешајте со кутлача сè додека не стане изедначена, и на крајот додадете брашно со прашокот за печиво и кокос. Сипете во подмачканите калапи за мафини и печете ги околу 15 минути на 200 степени.
По желба украсете ги со изматениот шлаг или рафаело топчињата. Доколку сакате поинтензивен вкус, додадете екстракт од кокос.