Маја Глигоровска гостинка во домот на дизајнерот Филип Плејн во Франција

Маја Глигоровска гостинка во домот на дизајнерот Филип Плејн во Франција

пред 6 месеци





Со припиен фустан и природна, лежерна варијанта на косата Маја Глигоровска го привлече вниманието на гостите на ревијата на познатиот дизајнер Филип Плејн, организирана во неговиот дом во Франција. Глигоровска на ревијата добила уникатна можност да направи фотосесија во внатрешноста на куќата, а вели дека добила и понуда од светската модна куќа „Морфиумфешн“ која креира за познати пејачи меѓу кои е и Бјонсе .

„Со оглед на тоа дека долго време на јавноста сум позната во модната индустрија се направи капања за новата колеција која ќе биде претставена во Париз на модната недела. Фотосесијата се направи во Монако ,Монте Карло со вистински стил и ентузијазам.Креаторката Јелена беше презадоволна со тоа што остави простор да ме викне и на модните писти надвор на нејзините ревии“, вели Глигоровска.

Глигоровска на редакцијата „Репортер“ испрати неколку од фотографиите направени во домот на дизајнерот.






Share
Scroll to Top