Маја Шупут е бремена, пејачката ќе стане мајка на 41 година

Маја Шупут е бремена, пејачката ќе стане мајка на 41 година

пред 4 години

Хрватската пејачка Маја Шупут (41) и нејзиниот сопруг Ненад Татаринов го чекаат првото дете. Таа преку социјалните мрежи објави дека е во 15. недела од бременоста и напиша дека ова е најголемата и најубава вест што некогаш ја споделила со јавноста.

„Изненадување! Драги мои, не можам да ви ги опишам нашите чувства. Во нашето мало, но преполно со љубов семејство доаѓа принова како најголем дар и како алка која отсекогаш била посакувана. Се надевам следните 25 недели ќе поминат убаво и лесно“, напиша меѓу другото популарната музичарка.

По објавата, таа доби бројни честитки од фановите, а ѝ честитаа и колегите, меѓу кои и Северин и Нина Бадриќ.

Share
Scroll to Top