Софија Вергара заљубена во хирург, по разводот со Џо Манганиело

Софија Вергара заљубена во хирург, по разводот со Џо Манганиело

пред 6 месеци

Софија Вергара (51) веќе ја поврзуваа со други мажи, таа неодамна за прв пат беше видена со некого по разводот со актерот Џо Манганиело (46).

Софија во ресторанот „Функе“ на Беверли Хилс пристигна во секси комбинација – носеше заводлив корсет од тантела и кадифени панталони, но овојпат повеќе внимание привлече нејзината придружба отколку нејзината модна комбинација.

Вергара пристигна во друштво на Џастин Салиман, ортопедски хирург кого Дејли мејл веќе го нарече сребрена лисица поради неговата побелена коса.

Обожавателите се воодушевени од нејзиниот нов чекор по разводот, а многумина забележаа дека нејзиниот избраник е сличен на Џери Сајнфелд, додека некои го споредија со нејзиниот поранешен партнер Ник Лоеб.

Иако не е навикнат на толкаво внимание од фотографите кога доаѓа во ресторан, Џастин сепак знае нешто за љубовта со актерките бидејќи бил оженет со една. Зад хирургот е бракот со актерката Бри Тарнер, позната по улогите во „Grimm“, „The Ugly Truth“, „Smashed“ и „Just My Luck“.

Двојката се раздели во 2018 година по 10 години љубов, а заедно се грижат за две деца – Дин и Стела.

Од друга страна, во јули оваа година, Софија откри дека по седум години брак се разведува од Џо, кој во меѓувреме продолжи понатаму. Неодамна беше фатен како страсно се бакнува на улица со својата нова девојка, актерката и водителка Кејтлин О’Конор.

– Донесовме тешка одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека минуваме низ оваа нова фаза од нашите животи – рекоа тие во тогашната заедничка изјава.

Share
Scroll to Top