„Почивај во мир кралице“, се огласија членовите од рок групата Sex Pistols

„Почивај во мир кралице“, се огласија членовите од рок групата Sex Pistols

пред 2 години

По повод смртта на кралицата Елизабета Втора, се огласија и членовите од популарната англиска рок група Sex Pistols.

dobivaj vesti na viber

„Почивај во мир, кралице Елизабета Втора. Испратете ја како победничка“, напишаа тие на „Твитер“.

Групата стана позната по хитот од 1977 година, „Боже чувај ја кралицата“, God Save The Queen и таа беше една од најгрубите песни кои беа напишани воопшто за кралицата.

Во неа се тврди дека таа не е човечко суштество и ја нарекуваат морон од фашистички режим. Џон Џони Ротен Лајдон, Стив Џонс и Глен Матлок ги пееја навредите за кралицата. Своевремено поради стиховите, тие беа и уапсени.

Фановите сега велат дека како времето минало, нивните чувства кон нејзиното Величество се ублажиле.

Share
Scroll to Top