Мајка и ќерка го имаа првиот заеднички лет како пилотки

Мајка и ќерка го имаа првиот заеднички лет како пилотки

пред 1 година

Капетан Сузи Гарет (56) и нејзината ќерка Дона Гарет (26) го имаа првиот заеднички лет во авиокомпанијата каде што и двете се вработени. Сузи Гарет е позната како една од првите вработени жени во компанијата SkyWest, таа е пилот повеќе од 30 години, а истата работа ја работи и нејзиниот сопруг Даг, синот Марк и ќерката Дона.

Сузи и нејзината ќерка испишаа историја на нивниот прв заеднички комерцијален лет.

„Никој од нашите деца не размислуваше да стане пилот, но во споредба со другите професии кои вклучуваат седење во канцеларија, сфатија колку сме среќни и тоа им ги отвори очите“, рече Сузи Гарет, додавајќи дека е многу благодарна за нејзината работа.

Таа смета дека однапред определеното работно време е идеално, бидејќи на тој начин може да ги организира семејните активности.

„Има ли подобра кариера од онаа што ви нуди ваква заработка, а да не сте под стрес од работата што ја носите дома?“, истакнала капетанот Гарет.

Таа додава дека е среќна затоа што работи заедно во иста компанија со нејзината ќерка и со нетрпение очекува нејзиното дете да има можност да го помине она низ што таа поминала.

„Цел живот сум пилот, а страста на моите родители за летање и тоа колку уживаа во нивната работа влијаеше на мојот избор“, вели Дона и признава дека има уште многу да научи.

Таа е задоволна што го живее живот како нејзините родители и што ги откри сите можности што ги нуди оваа индустрија.

Започнала да работи во 1989 година во компанијата во која работи и нејзината ќерка. Да стане авијатичарка сонувала уште од мала, поточно во осмо одделение кога се заљубила во патувањето на вториот лет од Аризона до Лос Анџелес. Сцената што ја видела низ прозорецот на кабината била хипнотизирачка, но не знаела како ќе ја постигне својата цел.

„Тогаш жените не беа пилоти и обично војската беше единствениот начин да се стане пилот, но јас не бев доволно висока за во војска“, заклучила Сузи, која е висока 1,55 сантиметри.

Во 1984 година се запишала на авијациско училиште на колеџот Маунт Сан Антонио во Калифорнија.

 

Share
Scroll to Top