Мајкл Корс го враќа иконскиот модел што беше насекаде во 2000 година

Мајкл Корс го враќа иконскиот модел што беше насекаде во 2000 година

пред 5 часа

Во време кога лежерните, преголеми чанти беа во мода во 2000-тите, еден модел беше задолжителен – чантата „Хамилтон“ на Мајкл Корс. Речиси и да немаше стилист, модел или модна љубителка што не ја носеше, поради што доби култен статус. Инспирирана од винтиџ патните чанти, беше претставена во 2009 година и брзо се издвои во уличниот стил со својата препознатлива квадратна силуета, пишува Hypebae.

Просторниот ентериер со бројни џебови и прегради ја направи идеален избор за градскиот живот, бидејќи можеше да собере сè што ви требаше за еден ден во канцеларија и вечерно излегување. Сепак еден детал што навистина ја издвојуваше чантата „Хамилтон“ од конкуренцијата беше впечатливиот катанец со гравура на амблемот МК.

Мајкл Корс го враќа иконскиот модел што беше насекаде во 2000-тите

Додека другите модели на пазарот следеа елегантна естетика, токму овој детал му даде на „Хамилтон“ препознатлив, полежерен карактер што ги обележа и другите модни додатоци на брендот од тој период.

Брендот неодамна ја претстави својата модернизирана верзија – „Hamilton Moderne“. Новиот модел има порафинирана структура, но ги задржува клучните елементи од оригиналот.

За пролетната сезона, достапна е во елегантна верзија за рамо и поголемо издание за купувачи, кои се достапни во низа смели бои, како и плетена верзија.

Share
Scroll to Top