Поранешниот британски принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл во кампањата против негативноста на социјалните мрежи, зборуваа за говорот на омраза и колку тој влијае на менталното здравје на луѓето. Тие осудија секаков говор на омраза кој се шири на интернет.
Меган минатата недела изјавила дека ги изгасила сите нејзини лични профили на социјалните мрежи, пред неколку години, затоа што не сакала да чита за тоа што луѓето пишуваат за неа.
Поранешната кралска двојка учествуваше во двочасовната онлајн расправа, на која домаќин беше Time 100 Talks. На расправата учествуваа и неколку експерти со кои оваа година Меган и Хари се состанаа за да промовираат поголема симпатија на форумите на интернет.
„Ова е глобална криза. Глобална криза на омраза, глобална криза на дезинформации и глобална здравствена криза“, изјавил Хари во воведниот коментар на расправата „Создавање на подобар свет“.
Хари и Меган се преселија во јужна Калифорнија оваа година, откако се откажаа од своите кралски должности. Тие сакаа да водат независен живот и побегнаа од досаднит британски медиуми, кои постојано ги следеа.
Меган изјавила дека императив за сите треба да биде, онлајн интеракциите да ги направат да бидат здрави за сите.
„Ова не е само проблем на менталното здравје или емоционален добробит. Ова е проблем на човекот. И тоа што ни се случува во виртуелниот онлајн свет, длабоко влијае на сите нас“, порача Меган.
Во еден подкаст разговор со тинејџери, кој се случи минатата недела, во рамки на Светскиот ден на менталното здравје, Меган изјавила дека во 2019 година, таа била најмногу тролана личност меѓу сите мажи и жени, во онлајн светот.