Меган ја наљути кралицата Елизабета затоа што гласаше

Меган ја налути кралицата Елизабета затоа што гласаше

пред 3 години

Американската глумица ја налутила британската кралица Елизабета Втора, затоа што го искористла своето право на гласање на американските претседателски избори.

Англиските медиуми пренесуваат дека кралските правила строг забрануваат членовите на кралското семејство да се мешаат во внатрешните работи и политики и да гласаат на избори за било која друга земја, па и во Велика Британија.

Меган ќе влезе во историјата како првата членка на кралското семејство, која гласала на едни избори и тоа американските. Ова не е првпат глумицата да ги прекрши кралските правила. Откако се пресели во САД, заедно со Хари одржаа неколку говори во кои ги поттикнувале гласачите да излезат на изборите.

Близок извор до кралското семејство вели дека кралицата ѝ е многу лута поради тоа и дека има намера да зборува со неа и Хари кога повторно ќе се видат.

Според неофицијални информации од дворот, кралицата наредила да се подготви имотот на кој престојувале Хари и Меган додека живееле во Велика Британија. Таа сака да ги дочека за Божиќ, тврдат извори блиски до поранешната војвотка од Сасекс.

Хари и Меган треба да пристигнат во Велика Британија околу божиќ, поради тужбите од судењето кое Меган го покрена против весникот „Мејл сандеј“.

Share
Scroll to Top