Меланија Трамп бесна на Меган Маркл

Меланија Трамп бесна на Меган Маркл

пред 3 години

Сега веќе поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп е бесна на американската глумица Меган Маркл, затоа што и го земала местото на насловната страна на магазинот Tatler UK, пренесуваат светските медиуми.

Уредниците успеале да добијат интервју од Меланија, во врска со претседателската кампања на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, но 50 годишната Меланија, останала разочарана кога на нејзиното место ја видела Меган Маркл, која зборувала за загубата на своето второ дете.

Иако бројни славни лица, преселбата на Хари и Меган ја видоа како шанса за создавање на врски со кралското семејство, сепак нивното пристигнување во САД, не им се допадна премногу на Доналд и Меланија Трамп, затоа што сметаат дека поради нив, постојано биле во втор план.

Како што открива извор близок до Меланија, овој чин ужасно ја налутил Меланија, особено затоа што ова не е првпат да ѝ се случи вакво нешто. Во 2018 година, Меланија исто така останала шокирана, затоа што не се нашла на насловната страна на магазинот Vogue.

Наместо неа, тогаш насловната ја красела пејачката Бијонсе, а нејзиниот сопруг Трамп, открил дека уредниците намерно не ја ставиле Меланија, затоа што не им открила премногу сочни детали од нивниот брачен живот.

Share
Scroll to Top