Како Небојша Глоговац ја одби Анџелина Џоли за улога во филмот „Во земјата на крв и мед“

Анџелина Џоли повика на прекин на огнот и ги нарече светските лидери соучесници во злосторствата во Газа

пред 6 месеци

Анџелина Џоли повика на прекин на огнот и ги нарече светските лидери соучесници во злосторствата во Газа.

Таа подвлече дека Газа е отворен затвор во последните 20 години и дека денес брзо се претвора во масовна гробница, јавува „Анадолија“.

„Додека светот гледа и со активна поддршка од многу земји, милиони палестински цивили масовно се казнуваат и обезличуваат додека им се одбива храна, лекови и хуманитарна помош што го крши меѓународното право“, рече Џоли.

Таа повика и на прекин на огнот.

„Со одбивањето на барањата за хуманитарен прекин на огнот и спречувањето на Советот за безбедност на ОН да наметне прекин на огнот на двете страни, светските лидери се соучесници во овие злосторства“, рече Џоли.

Министерството за здравство во Газа објави дека израелски воени авиони во средата го бомбардирале бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа.

Share
Scroll to Top