Актерката од Хари Потер позираше гола на 82 години

(Фото) Актерката од Хари Потер позираше гола на 82 години

пред 11 месеци

Британската актерка Миријам Марголис на 82 години позираше гола за списанието „Вог“. Таа ќе се појави на насловната во јулското издание кое ќе биде посветено на ЛГБТ заедницата.

Глумицата Миријам на јавноста и е позната по улогата на професорката Спраут во „Хари Потер“. Таа позираше гола до маса, а пред неа имаше тортици.

„Не можам да одолеам да бидам лоша. Си го сакам моето лице. Мислам дека делувам топло, отворено и насмеано“, рече Спарут и додаде дека иако го сака своето лице, си го мрази телото.

„Мислам дека делувам топло, отворено и насмеано, но мразам големи гради. Имам и млитав стомак, мали криви нозе и не сум воодушевена поради тоа. Но, треба да го искористите најдоброто од себе. Мораш да направиш најдобро што можеш во кариерата“, рече Миријам.

 

Share
Scroll to Top