Мелено месо со чили - Reporter.mk

Мелено месо со чили – Reporter.mk

пред 3 години

Меленото месо е корисна храна, и во многу рецепти може да се користи на различни начини. Иако плескавиците, бургерите и ќебапите се најчестата и омилена форма за подготовка на меленото месо, овој рецепт е со чили.

Сите состојки треба да се издинстаат, а потоа е доволно само да го оставиме садот покриен да крчка, нема потреба да се стои до шпоретот.

Состојки:

    • 1 кг мелено месо
    • 2 пиперки
    • 1 кромид
    • 3 чешниња лук
    • 2 конзерви пелат
    • 300 мл говедска супа
    • 2 конзерви црн грав
    • оригано
    • црвена пипер
    • ким
    • сол
    • бибер
    • тврдо сирење

Подготовка:

Се пропржува меленото месо со бибер, се вади од тавата и се става на хартиена крпа. Во истата тава се пржат кромидот, лукот и пиперките исечкани на коцки. Се враќа месото, се додава пелат, супата, се зачинува по вкус и се остава да се издинса еден час на тивок оган.
Потоа се додаваат гравчињата и се оставаат покриени да се крчкаат уште 40 минути.

Share
Scroll to Top