Тие посочија на еден инцидент од 2006 година кога глумецот возел пијан во Лос Анџелес. Кога полицијата го запрела, им се заканил дека ќе зажалат ако го уапсат затоа што тој практично го поседувал Малибу.
„Се дереше дека Евреите биле виновни за сите војни во светот и ги прашуваше полицајците дали и тие се Евреи“, пишуваше во извештајот.
Гибсон подоцна се извинил за реченото и рече дека веќе некое време се бори со алкохолизмот и дека му е жал за реченото. „Бев надвор од контрола и реков некои работи во кои не верувам“, рече Гибсон.
Членовите на организациониот тим велат дека се шокирани кога дознале дека Гибсон бил предложен за парадата.
„Луѓето често говорат дека тоа е лудо и прашуваат што можеме да направиме за да ја исправиме оваа грешка. Јас сум Евреин. Бев шокиран и разочаран. Беше тоа голем пропуст“, рече еден од долгогодишните членови на „Ендимион“ и додаде дека Гибсон е исфлен еден ден откако беше најавен.
„Во најдобар интерес за безбедноста на нашите возачи, специјалните гости и сите што не поздравуваат на улиците, Мел Гибсон нема да вози како голем маршал на нашата парада во 2023 година“, рече претседателот на „Ендимион“, Ден Кели во официјалното соопштение.
Останува мистерија како Гибсон е избран за маршал кога нема некоја јасна поврзаност со Њу Орлеанс.
„Претпоставувам дека некој од управниот одбор на „Ендимион“ имал контакт и Гибсон сакал тоа да го направи“, рече Артур Харди, издавачот на годишниот „Водич за Марди Грас“.