Метју Пери ја раскина свршувачката

Метју Пери ја раскина свршувачката

пред 3 години

Sвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери (51), ја раскина свршувачката со книжевната менаџерка Моли Хурвиц (29), шест месеци откако ја побара за жена. Тој ја потврди разделбата во изјава за магазинот „Пипл“.

„Понекогаш работите едноставно не функционираат и ова е една од нив. Ѝ посакувам најдобро на Моли,“ рече тој.

Актерот ја раскинува свршувачката неколку недели откако таблоидите во Америка открија дека тој флертува со млади девојки преку апликацијата за запознавање со селебрити-личности Rayа. Тој таму наводно флертувал со 19-годишната тик-ток ѕвезда Кејт Харалсон, која ја прашал: „Дали сум стар колку татко ти?“.

Харалсон минатиот месец сподели свое видео со натпис: „Кога поради шега, се запознавате со Метју Пери во забавна апликација, а тој ви поставува 20 прашања“. Харалсон, која имала 19 години кога Пери првпат ја контактирал, изјави дека сака да покаже како постарите мажи во Холивуд ги експлоатираат помладите жени преку апликации за запознавање.

Share
Scroll to Top