Миг Џегер позитивен на коронавирус и го откажа концертот во Амстердам

пред 2 години

Фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер е позитивен на коронавирус, поради што бендот го откажа концертот во понеделник, само неколку часа пред почетокот на најавениот настап.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

„Многу ми е жал што морам да ве информирам дека го одложуваме настапот во Амстердам. Токму преку тестот дознав дека имам ковид. Ќе се обидеме што поскоро да направиме нов распоред на настапи и да се вратиме на на сцената што е можно поскоро. Ви благодарам на разбирање и трпение“, напиша Џегер на Твитер.

Бендот исто така објави дека Џегер бил тестиран откако ги почувствувал симптомите на Ковид по пристигнувањето на стадионот во предградието на Амстердам.

„Ролинг Стоунс искрено жалат за одложувањето на концертот, но безбедноста на публиката, другите музичари и тимот на турнејата мора да биде приоритет“, се наведува во образложението за откажувањето на концертот. Ролинг Стоунс се на европската турнеја SIXTY, по повод 60-годишнината.

Share
Scroll to Top