Милица Тодоровиќ се расплака на сцена среде концерт: Пејачката не можеше да ги сопре солзите, па го прекина настапот

Милица Тодоровиќ се расплака на сцена среде концерт: Пејачката не можеше да ги сопре солзите, па го прекина настапот

пред 2 години

Популарната пејачка новогодишните празници ги помина работно.

Милица Тодоровиќ настапи на новогодишната ноќ во Белград, каде заедно со својата публика ја дочека новата 2024 година.

Ден подоцна, на 1 јануари, таа пееше во Жмињ, Хрватска.

На овој настап пејачката се расплака на сцената додека ја изведуваше песната „Ти мое злато“.

Милица не можеше да ги сокрие солзите и го сврте грбот кон публиката, бришејќи си го лицето.

Еден член на бендот дојде да ја утеши пејачката додека таа се сврте и се расплака.

Милица за момент престана да пее, додека не се смири, а потоа продолжи да ја изведува песната што ја започна.

Share
Scroll to Top