Еден од најпопуларните српски глумци, Милош Биковиќ, вели дека потекнува од нетипично семејство. Неговите родители два пати се венчале и два пати се развеле, а тој се родил по вториот развод на родителите. Неговиот постар брат е роден која мајка му и татко му на Милош биле првпат во брак.
„Мојот брат е 16 години постар од мене, но ние сме родени во двата различни брака на нашите родители. Всушност, тие веќе биле разведени кога сум се родил јас. Како што растев, сфаќав колку е тоа бизарно“, рекол Милош.
Тој, во интервју за српските медиуми, вели дека помеѓу мајка му и татко му отсекогаш имало многу љубов, но дека тие не умееле да живеат еден со друг. По вториот развод, тие се разделиле за секогаш, а Милош и неговата мајка често се селеле низ Белград.
„Нивната љубов е лекција за мене, дека човек треба да научи да постои со таа личност што ја сака, да работи на тоа, да е спремен на компромиси. Човек мора да се откаже од некој дел од себе за да може да создаде простор за другата личност“, вели тој во интервјуто.
Милош, кој последниве години е постојано на релација Белград-Москва, во моментов снима филм со режисерот Слободан Шијан, кој ги режираше филмовите „Маратонците го трчаат почесниот круг“ и „Кој пее таму“. По седумнаесет години, ова е прв филм на Шијан, повторно црна комедија, а Биковиќ ја игра главната улога.