Министерот Бочварски стана татко, ќерката доби име Бјанка

Министерот Бочварски стана татко, ќерката доби име Бјанка

пред 1 година

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски стана татко. Со сопругата Маринела ја добија Бјанка, а убавата вест ја сподели Бочварски кој рече дека ова му е најубавиот момент во животот.

„Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за Гинекологија предводен од доктор Викторија Јовановска“, рече Бочварски.

За потсетување, Бочварски и Маринела се свршија во 2021 година, а се венчаа минатата година. На свадбата им беа речиси сите пратеници, партиски колеги од СДСМ и минситри од Влада.

Меѓу нив беа и вицепремиерката Славица Грковска, како и министерките Славјанка Петровска, Јована Тренчевска и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, како и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Share
Scroll to Top