Минхен сака да ја обои „Алијанц арената“ во боите на виножитoто за инает на Унгарците

Минхен сака да ја обои „Алијанц арената“ во боите на виножитoто за инает на Унгарците

пред 3 години

Градскиот совет на Минхен побара „Алијанц арената“ да биде осветлена во боите на виножитото за последниот меч од групната фаза на Германија против Унгарија во знак на протест на анти-ЛГБТ законите кои ги усвои оваа земја.

Германците ја пречекуваат Унгарија на стадионот на Баерн Минхен во среда, неколку дена откако унгарскиот парламент усвои закон со кој се ограничува ЛГБТ соддржината за тие под 18 години, во голема политичка победа на конзервативниот премиер Виктор Орбан.

„Баварската престолнина е посветена на различност, толеранција и еднаквост во спортот и општеството. Затоа стадионот треба да свети во боите на виножитото пред мечот“, се вели во барањето од советот до градоначалникот Дитер Рајтер.

Share
Scroll to Top