Актуелната Мис на Венецуела, Аријана Виера загина во сообраќајка во Орландо, Флорида. Нејзината мајка Вивијан Очоа рече дека била многу уморна додека возела и деак заспала на воланот. Виера удрила во автомобилот пред неа, по што се здобила со сериозни повреди. Починала на пат кон болницата.
„Ја оживеаја, но потоа доживеа срцев удар. Лекарите успеале и по втор пат да ја оживеат, но за жал починала кога ја однеле на трауматологија, рече Очоа, а пренесе британски „Сан“.
Виера требаше да ја претставува Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 во Доминиканската Република во октомври. Манекенката се подготвувала и да учествува на натпревар за убавина во Њујорк.