Михаела Стојменовиќ од Скопје освои прва награда на глобален натпревар за храна

Михаела Стојменовиќ од Скопје освои прва награда на глобален натпревар за храна

пред 2 години

Михаела Стојменовиќ (17) од Скопје ја освои првата награда на глобалниот натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната 2022 година.

ФАО, која што е дел од Обединетите Нации ѝ ја додели оваа награда на Михаела во категоријата од 16 до 19 години за нејзиниот постер кој што ја отсликува важноста на земјоделските работници во целиот систем на производство на храна.

Постерот на Михаела е комбинација од дванаесет сцени, во секоја од нив е опишана различна приказна за храната. Постерот го раскажува патот на храната од фармите до пазарите и на крајот, до нашите трпези.

Михаела претходно има победено на неколку ликовни натпревари. Таа се надева дека заедно со останатите натпреварувачи ширум светот ќе помогне во зголемување на јавната свест дека ако сите се стремиме кон подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот, можеме да оствариме Свет без глад каде никој нема да биде изоставен.

Share
Scroll to Top