МКЦ доби поштенска марка за 50-годишниот јубилеј

МКЦ доби поштенска марка за 50-годишниот јубилеј

пред 2 години

Младинскиот културен центар доби поштенска марка,  АД „Пошта“ ја издаде по повод 50 -годишниот јубилеј. Марката со вредност од 50 денари ја дизајнираше Марко Ковачевски, а ќе има тираж од 6.000 примероци.

dobivaj vesti na viber

„За мене, МКЦ е лична приказна и се трудев визуелно да ги поставам сликите што ме поврзуваат со него. Ја прецртав зградата заедно со скулптурите на Дада, Бомба и Малиот Принц. МКЦ е дом на младинската бунтовност, прогресивност и уметност и на детската радост и сето тоа сакав да го прикажам на марката“, кажа Ковачевски.

МКЦ е основан на 28 декември 1972 од Собранието на Град Скопје и во меѓувреме прерасна во една од најзначајните културни установи во Македонија.

Share
Scroll to Top