Младешки изглед со помош на советите на топ-моделот Ирина Шајк

Младешки изглед со помош на советите на топ-моделот Ирина Шајк

пред 4 години

Манекенката Ирина Шајк, која го освои модниот свет, оправдано ја носи титулата „една од најубавите жени на светот“.

Посебно внимание посветува на нега на кожата на лицето, така што секогаш изгледа свежо, одморено и младешки. Според неа, не мора да користите многу шминка за да изгледате добро.

„Го обожавам коректорот што го ставам на критичните точки, под очите и на пределот на брадата, но никогаш не ставам пудра на целото лице. Обожавам и хајлајтери, овој козметички производ навистина може да го истакне лицето“, вели Ирина.

Денот го започнува со миење на лицето само со студена вода, додека навечер темелно ја чисти кожата. Секојдневно користи хидратантни креми, а во лето лесни серуми.

„Обожавам кокосово масло, кое често го користам за нега на кожата, веднаш по туширање, на влажна кожа“, откри во една пригода и додаде дека редовно нанесува производи со УВ заштитен фактор на вратот, рацете и лицето, дури и да не е на сонце. Но, сето тоа паѓа во вода, вели Ирина, ако не јадете квалитетна и здрава храна.

Иако се обидува да јаде здраво, понекогаш не може да одолее на хамбургер или пица. Но, таа целосно исфрли од исхраната неколку намирници.

„Најважното правило за убава кожа значи и многу вода и соодветна хидратација. Плус, не јадете помфрит и чипс и вашата кожа ќе свети. Дефинитивно добивам неколку мозолчиња, и со сето тоа, лицето ми изгледа дехидрирано и уморно. Избегнете го тоа и веќе сте на половина пат до убав тен“, заклучи таа.

Share
Scroll to Top