Модерни и удобни зимски фустани кои ќе доминираат во 2022 година

Модерни и удобни зимски фустани кои ќе доминираат во 2022 година

пред 3 години

Доволно е само да погледнете онлајн сајтовите за мода или да прошетате низ трговските центри да видите дека миди фустаните се водечки тренд на сезоната. Тие се најдобриот избор кога имате само пет минути да се подготвите за на работа наутро, а во исто време да сте удобни и елегантни.

Еве кои зимски фустани ќе бидат најпопуларни во престојната сезона

1. Плетени фустани

Французинките долго време милуваа да носат џемпери, но од неодамна тие се прифатени од целата светска модна публика.

2. Сатенски фустани

Сатенските фустани во лето им се како униформи на модерните девојки, а сега можат да ги носите и во зима. Најдете ги оние со долги ракави и миди должини, во бои од смарагдно зелена до празнично темноцрвена.

3. Темни, цветни фустани

Постои непишано правило дека во зима носиме потемна облека. Сепак, тоа не значи дека треба да ги исфрлите шарените мотиви како цвеќињата или геометриските форми. Ако ги носите со гломазни чизми до колена, ќе добиете рок шик изглед.

4. Недопирлив црн фустан

Црниот фустан од сезона во сезона има сè потешка задача – да се надмине себеси и да не стане клише. Така, доколку изберете црна боја, изберете различни кроеви, комбинација од некомпатибилни материјали и детали. Модернизирајте ја класиката и оставете ги сите околу себе без здив.

5. Преголеми фустани

Осмелете се да донесете драматичен аутфит и надополнете го со големи чизми за кежуал тон во текот на денот.

Share
Scroll to Top